Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужниот дел на Турција, во близина на границата со Сирија, предизвикувајќи вознемиреност кај населението во повеќе градови од регионот.
Според првичните информации од локалните медиуми, епицентарот на потресот бил лоциран во пограничниот регион меѓу Турција и Сирија, а земјотресот силно се почувствувал во градовите Малатија, Адана и Газиантеп.
Потресот бил почувствуван и во соседните земји, а медиуми од регионот јавуваат дека вибрациите стигнале дури и до делови од Либан, што дополнително предизвикало загриженост кај населението.
Според турските медиуми, веднаш по земјотресот голем број граѓани излегле на улиците, стравувајќи од можни нови потреси и афтершокови.
Во моментов нема официјални информации за жртви или за поголема материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата на терен.
Од друга страна, Германскиот истражувачки центар за геонауки проценува дека потресот можеби бил и посилен, односно дека достигнал јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала.
"ÇOK SALLANDIK HEPİMİZ ÇOK KORKTUK"
Malatya'da meydana gelen 5.6 büyüklüğündeki #deprem Adıyaman'da da hissedildi.
Deprem paniği ile okuldan dışarı çıkan öğrenciler kameraya yansıdı. pic.twitter.com/VYkmpB7iAN
— Takvim (@takvim) May 20, 2026
