Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Мицкоски: Имаме чувство дека државата наликува на Лас Вегас
    Економија

    Мицкоски: Имаме чувство дека државата наликува на Лас Вегас

    17/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски во врска со предлог-законот за игрите на среќа изјави дека новите законски решенија имаат цел да воведат ред и ограничувања во оваа дејност, нагласувајќи дека државата мора да се заштити од негативните последици на неконтролираната експанзија на казината и објектите за коцкање.

    „Имаме чувство дека државата наликуваше на Лас Вегас. Буквално, на секој чекор гледавме дуќани, кои со силни светлечки реклами се рекламираат на овој тип на игри на среќа, пред сè тука мислам на казината и коцкањето, и некако како по правило до нив веднаш имате канцеларија за брзи кредити. Па веднаш до нив имате заложувалница и така натаму“, изјави денеска Мицкоски и додаде: „Тоа е некаков систем кој мораме да го регулираме и цениме дека претставува систем кој, за жал, е причина за многу семејни несреќи и човечки трагедии.
    Со овој закон се регулира оваа дејност, повеќе нема да има таков тип на реклами кои привлекуваат внимание. Во некои места дури цели мали населби имаа по неколку казина, буквално не личеше тоа на ништо. Со овој закон, свесни за последиците, можеби и за фискалниот ефект, но ние цениме дека мора да се стави ред и дисциплина во игрите на среќа и дека државата не може да наликува на Лас Вегас“.

    Во врска со реакциите дека законот бил донесен нетранспарентно и „мафијашки“ и дека тоа ќе значи отворање врата на црно пазарење и губење на илјадници работни места, Мицкоски вели дека законот бил ултратранспарентен.

    „Беа повикани буквално сите засегнати страни да учествуваат во неговата изработка. Нормално е дека не можеме да се усогласиме сто проценти со оние кои се дел од тој бизнис, бидејќи тие имаат свој интерес. Ние го штитиме интересот на државата и граѓаните“, додаде премиерот Мицкоски.

    Поврзани вести:

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    Кој нема да поднесе изјава ќе престане да биде член на задолжителен пензиски фонд

    Кој нема да поднесе изјава ќе престане да биде член на задолжителен пензиски фонд

    Оризопроизводителите ќе добијат дополнителна поддршка од околу осум денари за килограм предадена арпа

    Оризопроизводителите ќе добијат дополнителна поддршка од околу осум денари за килограм предадена арпа

    Нови закони за рударство и геологија: Дигитализација, европски стандарди и поголема заштита на животната средина

    Нови закони за рударство и геологија: Дигитализација, европски стандарди и поголема заштита на животната средина

    Нови цени на горивата: Бензините поевтини, дизелот поскапува за два денари

    Нови цени на горивата: Бензините поевтини, дизелот поскапува за два денари

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    закон игри на среќа лас вегас Мицкоски
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    20/10/2026

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    20/10/2026

    Кој нема да поднесе изјава ќе престане да биде член на задолжителен пензиски фонд

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.