Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Занимливости»И премалку и премногу сон го забрзуваат стареењето, покажува ново истражување
    Занимливости

    И премалку и премногу сон го забрзуваат стареењето, покажува ново истражување

    16/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Новo истражување покажува дека и недоволниот и прекумерниот сон може негативно да влијаат врз организмот и да го забрзаат биолошкото стареење на телото.

    Меѓународен тим научници анализирал податоци од речиси половина милион луѓе вклучени во базата UK Biobank и открил јасна поврзаност меѓу времетраењето на спиењето и здравјето на повеќе органи и системи во телото.

    Според резултатите, лицата кои редовно спијат помалку од шест часа или повеќе од осум часа покажуваат знаци на побрзо биолошко стареење во споредба со луѓето кои имаат умерен и редовен сон.

    Истражувачите користеле напредни алатки со вештачка интелигенција, познати како „биолошки часовници за стареење“, кои преку анализа на мозочни снимки, крвни тестови и биолошки маркери проценуваат колку брзо старее организмот.

    Најдобри резултати имале луѓето со просечно времетраење на сон, додека кај оние што спијат премалку или премногу биле забележани полоши индикатори за стареење. Научниците оваа поврзаност ја опишуваат како модел во форма на буквата U.

    Промените биле забележани кај повеќе органи и системи, вклучувајќи го мозокот, белите дробови, црниот дроб, имунолошкиот систем, кожата и метаболизмот.

    Недостатокот на сон дополнително бил поврзан со зголемен ризик од депресија, анксиозност, срцеви заболувања, дијабетес тип 2, дебелина, астма и проблеми со варењето.

    „Овој модел покажува дека времетраењето на спиењето е длабоко поврзано со целокупната физиологија на организмот“, изјавил водечкиот автор на студијата Џунхао Вен од Универзитетот Колумбија во САД.

    Научниците нагласуваат дека студијата не докажува директна причинско-последична врска, но покажува силна поврзаност меѓу навиките за спиење и процесот на стареење.

    Поврзани вести:

    Дали големината на носот открива нешто повеќе за надареноста: Научниците имаат став

    Дали големината на носот открива нешто повеќе за надареноста: Научниците имаат став

    Дали е здраво да се спие со градник? Експертите го откриваат одговорот

    Дали е здраво да се спие со градник? Експертите го откриваат одговорот

    Настинка или грип? Еве како да ги препознаете симптомите и кога е неопходно да посетите лекар

    Настинка или грип? Еве како да ги препознаете симптомите и кога е неопходно да посетите лекар

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    сон спиење стареење
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Дали големината на носот открива нешто повеќе за надареноста: Научниците имаат став

    07/11/2026

    Светот купува помалку телефони: Продажбата падна за 20 отсто

    05/11/2026

    Дали е здраво да се спие со градник? Експертите го откриваат одговорот

    05/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.