Со засилени контроли и строги мерки, ќе се справува полицијата со моторџиите кои дивеат низ градовите и не ги почитуваат сообраќајните правила, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој направи и разлика меѓу, како што ги нарече, „вистински моторџии“ кои ги почитуваат сообраќајните правила и оние кои „глумат моторџии“ и возат без кацига, со голема брзина и прават опасни маневри, како што е возење на едно тркало.
-Слободно можам да кажам дека ќе ги изгориме! Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат дека се моторџии – изјави Тошковски и нагласи дека ваквите возачи се „најголем ризик да отепаат некого“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
