Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Занимливости»„Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ
    Занимливости

    „Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ

    15/05/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи.

    По цела деценија, „Реплек“ останува единствена компанија во регионот која развојот, производството и стабилноста на производите од медицински канабис ги темели на најстроги фармацевтски стандарди и на долгогодишното искуство во фармацевтското производство. Токму ваквиот пристап овозможува гаранција за безбедност, највисок квалитет и стандардизиран производ, што претставува особено значаен предизвик кога станува збор за производи добиени од растителна суровина.

    Во пресрет на овој јубилеј беше остварен значаен успех – реализација на првиот извоз на производите на база на медицински канабис од „Реплек“ на строгите пазари на Европската унија. Пласманот на ваков пребирлив пазар го потврдува квалитетот на портфолиото и во овој фармацевтски сегмент, што „Реплек“ посветено го создаваше во изминатите 10 години.

    „Кога пред 10 години стартувавме со овој фармацевтски сегмент, пазарот во земјава реагираше со скептицизам. Бевме пионери во ова поле, и на македонскиот, исто како и на регионалниот пазар. Решивме да бидеме истрајни и напорно да работиме во реализацијата на оваа идеја, а од сегашна перспектива можеме да кажеме дека нашата одлука беше исправна, што се докажа и со успешно реализираниот извоз на пазарот на Европската Унија. За пласман на овие производи има сериозен потенцијал, бидејќи глобалниот пазар на производи од канабис продолжува да бележи силен раст, а потенцијалот за националната економија е голем и треба да биде искористен“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.

    Во насока на обезбедување точни, проверени и стручно засновани информации за сите засегнати страни, „Реплек“ во ноември минатата година го отвори КА-информативниот центар наменет за информирање за производите на база на медицински канабис. Центарот е прв од ваков тип во земјава и е основан како подружница на „Реплек“, а функционира како платформа на компанијата која овозможува транспарентна и одговорна комуникација за сите прашања поврзани со употребата на овие производи. КА-информативниот центар има значајна улога во надминување на стереотипите поврзани со медицински канабис и е точка на доверба меѓу компанијата, потрошувачите и стручната јавност.

    Откако пред една деценија компанијата го стартуваше производството на производи на база на медицински канабис, таа го водеше процесот систематски и одговорно, обезбедувајќи силни производствени и контролни стандарди. Производствениот процес на „Реплек“ се базира на современа суперкритична CO₂ екстракција и технологија која овозможува висока селективност, репродуктивност и стабилност на екстрактите. Се користи индустриска опрема од реномирани европски производители, а ваквата модерна и валидирана технологија обезбедува поголема ефикасност и подобар принос од суровините, со доследен квалитет во секоја серија. Темелите на овој успех се континуираните инвестиции во напредни технологии, како и врвната експертиза на професионалниот тим на компанијата.

    Портфолиото на „Реплек“ во овој сегмент опфаќа три групи производи, и тоа ЦБД масла, козметика со медицински канабис, како и производи со ЦБД и ТХЦ наменети како дополнителна терапија кај сериозни заболувања, секогаш употребувани во рамки на строгите регулаторни прописи.

    Со своето десетгодишно искуство, потврдениот квалитет, како и извозот на пазарот на Европската Унија, „Реплек“ денес сериозно ја позиционира земјава на мапата на современата и одговорна фармацевтска индустрија на медицински канабис.

    Поврзани вести:

    Автомобил со 3.400 бакнежи стана хит на интернет, но му донесе казна на сопственикот

    Автомобил со 3.400 бакнежи стана хит на интернет, но му донесе казна на сопственикот

    Светот добива нова карта: 164 држави гласаа „за“

    Светот добива нова карта: 164 држави гласаа „за“

    Светски ден на пишувањето писма: Потсетник дека највредните пораки не се испраќаат со еден клик

    Светски ден на пишувањето писма: Потсетник дека највредните пораки не се испраќаат со еден клик

    По смртта на Доли Партон нејзината музика стана најслушана во светот

    По смртта на Доли Партон нејзината музика стана најслушана во светот

    Тирана најевтина европска дестинација за есенско патување, доволни се околу 60 евра дневно

    Тирана најевтина европска дестинација за есенско патување, доволни се околу 60 евра дневно

    ТикТок ќе плати 400 милиони долари поради обвинувања за собирање податоци од деца

    ТикТок ќе плати 400 милиони долари поради обвинувања за собирање податоци од деца

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ирска нема да учествува на Евровизија 2027 поради состојбата во Газа

    17/09/2026

    Со мирис на ајвар, музика и многубројна публика започна „Taste the South“

    13/09/2026

    Четири хороскопски знаци кои најбрзо ги препознаваат лагите и манипулациите

    08/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.