Левица укажува дека ограничувањето на казината на само 500 метри од училиштата е минимален и „шминкерски” чекор, кој не го решава суштинскиот проблем со експанзијата на индустријата за коцкање во Македонија.
За партијата загрижувачка е сумата од околу 2,83 милијарди евра која во 2025 година била уплатена во казината, автомат клубовите и обложувалниците во Македонија и ја смета за доказ дека коцкарската индустрија прераснала во еден од најпрофитабилните бизниси во државата,
додека илјадници семејства секојдневно се соочуваат со долгови, сиромаштија и зависност.
Левица препорачува државата да го преземе словенечкиот модел каде казината се позиционирани во туристички и погранични региони и се ориентирани кон странски гости и ограничен број на строго контролирани туристички комплекси.
