По последниот случај последниот случај со физичко насилство во основното улилиште „25 Мај“ во Ченто каде со остар предмет беше прободен 15-годишен ученик, министерката за образование и наука Весна Јаневска апелираше до родителите да посветат внимание на своите деца.
– Ладното оружје децата не го наоѓаат во училиште, ладното оружје го наоѓаат надвор. Оттука, неопходна е соработка со сите сектори кои се засегнати, но ги повикувам и молам родителите да посветат внимание на своите деца – рече министерката Јаневска.
Таа најави измени во Законот за основно образование со кои ќе се предвиди казна за родителот чие дете има насилно однесување во училиште.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
