Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Средношколец 4 години се претставувал како наставник по англиски јазик, имал пристап до податоци од сите професори во државата
    Република

    Средношколец 4 години се претставувал како наставник по англиски јазик, имал пристап до податоци од сите професори во државата

    09/05/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „компјутерски фалсификат“.

    Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал лажен профил на социјални мрежи и стапил во контакт со вработена во Министерството за образование и наука.

    Таа, верувајќи дека станува збор за службена комуникација, му укажала дека разговори со наставници не треба да се водат преку социјални мрежи и му креирала службена електронска адреса на Министерството, по што му биле доделени и пристапни податоци за е-дневник како администратор преку нејзината корисничка сметка. Воедно, му било наложено да ја координира наставната комуникација меѓу наставниците.

    На тој начин, осомничениот, како што соопшти МВР, добил пристап до податоци од наставници на државно ниво и учествувал во координација и работа со електронскиот дневник.

    Во периодот од 2022 година до ноември 2025 година, до моментот кога поранешната в.д. директорка пријавила сомнежи за бришење податоци од системот, осомничениот ги избришал профилите поврзани со лажниот идентитет на социјалните мрежи, како и службениот профил на електронската пошта од Министерството за образование и наука, наведуваат од МВР.

    Поврзани вести:

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    мон образование прилеп
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    20/10/2026

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.