Сериозен случај на измама е пријавен во Тетово, откако 38-годишен маж од Косово тврди дека бил доведен во заблуда од жена која му тврдела дека е бремена со негово дете и од него извлекла околу 18.000 евра.
Според пријавата до Министерство за внатрешни работи, жената со иницијали Е.Р. во повеќе наврати барала финансиска помош, а мажот, верувајќи во нејзините тврдења, ѝ префрлал пари за наводни трошоци поврзани со бременоста.
Случајот добил пресврт кога мажот се вратил од странство, по што, според неговите наводи, жената му соопштила дека детето не е негово и ја прекинала комуникацијата.
По ова, оштетениот го пријавил случајот во полиција, а надлежните институции започнале постапка за утврдување на сите околности и евентуална кривична одговорност.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, кој привлекува внимание поради начинот на кој е изведена наводната измама.
