Словенечкиот парламент ги усвои измените на Законот за влада предложени од партијата на Јанез Јанша, што навестува формирање нова десничарска коалиција. За измените гласаа 49 пратеници, а со нив се намалува бројот на министерства од 19 на 14.
Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, соопшти дека нема да му даде мандат на ниту еден кандидат, па изборот на мандатар ќе му го препушти на парламентот.
Во меѓувреме, премиерот Роберт Голоб призна дека не може да обезбеди мнозинство за состав на влада.
Јанша најави дека ќе започне разговори за коалиција, а според моменталната распределба, десничарскиот блок има доволно пратеници за парламентарно мнозинство.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
