Италијанската влада соопшти дека се приклучила како тужител во правната постапка за пожарот во швајцарското скијалиште Кранс-Монтана, во кој загинаа 41 лице, меѓу нив и шест италијански државјани. Потегот доаѓа по тензии меѓу двете земји, откако Швајцарија побара Италија да ги покрие трошоците за лекување на повредените.
Од Рим наведуваат дека постапката се темели на значајните ресурси што ги ангажирала италијанската цивилна заштита, како и на, како што велат, одговорноста на локалните власти во Швајцарија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
