Претседателот на САД, Доналд Трамп, им наложил на своите соработници да се подготват за продолжена блокада на Иран, пренесува „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски претставници. Според извештајот, Трамп решил да продолжи со притисокот врз иранската економија и извозот на нафта преку блокирање на поморскиот сообраќај кон и од иранските пристаништа, сметајќи дека другите опции носат поголем ризик.
Во меѓувреме, Иран предложи повторно отворање на Ормускиот теснец и завршување на војната, но Трамп го отфрли предлогот. На својата мрежа Truth Social тој изјави дека Иран е во „состојба на колапс“ и бара итно отворање на теснецот.
Неговите изјави предизвикуваат сè поголеми критики, а германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека САД се „понижени“ од Иран. Воедно, анкетите покажуваат пад на поддршката за Трамп поради растечките трошоци и војната со Иран.
Цените на горивата во САД исто така достигнаа највисоко ниво од почетокот на конфликтот, додека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се во ќор-сокак.
