Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Иако загинал млад, името на Никола Карев е длабоко врежано во македонската историја
    Република

    Иако загинал млад, името на Никола Карев е длабоко врежано во македонската историја

    27/04/20265 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Сеќавање на херојското загинување на Никола Карев, водач на Крушевската република и еден од најголемите македонски револуционери се одбележува денеска. Карев загина на 27 април 1905 година, кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, Кочанско, во борба против османлиската војска. Роден во Крушево 23 ноември 1877 година тој е учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација и раководител на Крушевската Република.

    Никола Карев е роден како четврто дете во сиромашното јагленарско семејство Кареви. Во 1892 година е принуден да го прекине школувањето и да се вработи како столарски чирак. Во 1895 година го напушта својот роден град и како 16-годишно момче заминува на печалба во Бугарија. Во прво време работи како помошник ѕидар, а потоа станува столарски работник во работилницата на велешкиот столар и основач на Македонската работничка социјалистичка група во Софија, Васил Главинов. И самиот се вклучува во работата на Македонска социјалистичка група – регионална фракција на Бугарската работничка социјалдемократска партија.

    Во Крушево се враќа во септември 1899 година и се зафаќа со докомплетирање на своето образование. Поради полагањето на завршниот испит во јуни 1900 година, Карев не учествува на Првата социјалистичка конференција во Македонија. Една од одлуките на конференцијата била македонските социјалисти да влезат во редовите на ТМОРО. Социјалистите, вклучително и Карев, во Организацијата се примени во февруари 1901 година.

    Во јуни 1901 година завршува четврти клас во Битолската бугарска класична гимназија и во учебната 1901/1902 станува егзархиски учител во крушевското село Горно Дивјаци. Следната учебна година е префрлен на работа во Крушевската прогимназија.

    На чело на Крушевскиот револуционерен комитет застанува во јануари 1903 година. Учествува на Смилевскиот конгрес во мај истата година и се спротивставува на решението за кревање на Илинденското востание, сметајќи дека народот сè уште не е доволно подготвен да се крене на востание. Сепак, по одлуката за кревање востание, во својство на началник на Горскиот крушевски штаб, Карев активно учествува во подготовка и организација на востанието. Спроти Востанието, тој, во име на Штабот, објавува Проглас во кој го повикува народот на востание. Ноќта на 2 август 1903 година околу 750 востаници, предводени од горскиот начелник Никола Карев, го нападнале и го ослободиле Крушево.

    Помеѓу поважните одлуки што ги донесе Карев е упатувањето на Крушевскиот манифест до околното муслиманско население во кое братски се повикуваше да ја поддржи и да ја помогне борба на сите обесправени во Македонија.

    Со паѓањето на градот во турски раце, тој со своите соработници се повлекол во околните планини на Крушево, а кон средината на ноември 1903 година се префрлил во Белград, а оттаму во Софија.

    На 8 мај 1903 година Никола Карев ќе даде интервју за грчкиот весник Акрополис, во кое јасно му дава до знаење на грчкиот новинар дека е Македонец, дека е наследник на Александар Македонски и дека ВМРО е македонска организација:

    – „ Македонец ли си?‛, го прашувам.

    — Да.

    — И следователно Грк?

    — „За ова не знам“, ми одговори, „јас сум Македонец“.

    — „Непосреден наследник на Александар Велики?“, му велам иронично.

    — Да.

    — И Александар Македонски што беше, ве молам?

    — Не знам, историјата вели дека бил Грк.

    — Тогаш и ти, како негов наследник, си Грк.

    — „Не“, ми одговори.

    — „Тогаш“, го прашувам пак, „зошто кога веќе сте Грк сакате да се ослободите преку Бугарија?“.

    — Која Бугарија, мислиш на Комитетот?

    — Да.

    — Ти одговорам дека Комитетот не е бугарски и, второ, изгледа дека сме наклонети кон Бугарија затоа што само таа се покажува расположена да ни помогне. И Грција, ако го правеше истото, ќе ја прифатевме со цело наше срце.

    — Бугарската заштита ја гледате само површно, Бугарија не сака да ве ослободи од турското ропство, туку да ве потчини.

    — Ако Бугарија мисли да нè претвори во нејзина провинција, си направила лоша пресметка. Нас не нè интересира што мисли Бугарија, туку обрнуваме внимание само на следново: “Ја постигнавме ли целта”? Ја добивме ли нашата слобода? Не нè интересира дали ќе нè ослободи Грција или Бугарија. Единствено што може да добие секоја една од нив е само наша благодарност…“

    По неуспешните обиди легално да се врати во Македонија, пролетта 1905 година, Карев решил да го стори тоа нелегално. За Македонија тргнал со еден товар социјалистичка литература и со намера да се предаде на социјалистичка дејност. На 26 април 1905 година, неговата чета на пат за Крушево преноќила во селото Рајчани, помеѓу Кочани и Пробиштип. Но, тука четата била предадена и веднаш била опколена од турската војска. Следниот ден, на 27 април 1905 година, во нерамна борба со турскиот аскер, кај месноста Свиланово, загинал Никола Карев, заедно со многу борци од неговата чета.

    Посмртните останки на Карев, во 1953 година, по повод одбележувањето на 50-годишнината од Илинденското востание, биле пренесени во Крушево. На 11 април 1990 година, тие биле пренесени во Македониумот. Во спомен на загинувањето на Никола Карев, во близината на селото Тркање е поставен споменик.

    Поврзани вести:

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    22/10/2026

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    22/10/2026

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.