Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Првичните резултати во Бугарија покажуваат убедлива победа на Румен Радев
    Свет

    Првичните резултати во Бугарија покажуваат убедлива победа на Румен Радев

    19/04/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Поранешниот претседател Румен Радев извојува убедлива победа на парламентарните избори во Бугарија. Неговата коалиција „Прогресивна Бугарија“ освои околи 39 отсто од гласовите, покажуваат првичните податоци од излезните анкети на социолошките агенции. Ваква висока поддршка за една политичка опција во земјата не е забележана од 2009 година.

    Партијата ГЕРБ се соочува со историски најслаб резултат од околу 15 отсто, што е под првичните предвидувања. Со сличен резултат од околу 14 отсто се позиционира и коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ). На четвртото место е „ДПС-Нов почеток“ на Делјан Пеевски со 8 отсто поддршка. Партијата „Преродба“ се движи околу 5 отсто, додека за БСП сè уште е неизвесно дали ќе го помине изборниот праг за влез во Собранието.

    Точниот распоред на мандатите во новиот парламентарен состав ќе биде познат по пребројувањето на сите гласови. Иако Радев има голема предност, проценките велат дека во моментов му недостигаат десетина пратеници за да формира самостојно мнозинство од 121 глас.

    Широк политички консензус ќе биде потребен и за обезбедување на уставно мнозинство од 160 пратеници. Оваа бројка е клучна за најавените реформи во правосудниот систем, вклучувајќи го изборот на нов Висок судски совет и промените во работата на обвинителството.

    Поврзани вести:

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    Вучиќ: Се плашам дека третата светска војна е неизбежна

    Вучиќ: Се плашам дека третата светска војна е неизбежна

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    20/10/2026

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    20/10/2026

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.