Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
    Политика

    СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски

    18/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пратеничката група на СДСМ поднела интерпелација за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, поради, како што рече, „корупција, скандали и штетни политики“.
    Оваа информација ја соопшти поранешниот министер Љупчо Николовски, кој рече дека „веќе две години земјоделците се жртви на неспособните и криминални политики на Министерството“, додавајќи дека наместо развојни мерки и зголемени субвенции, „Трипуновски го доведе земјоделството до колапс“.

    Тој посочи дека се укинати или суспендирани бројни програми и мерки, а Министерството, според него, било претворено „во приватна фирма за партиски интереси“.
    „Затоа пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација, да се изнесат сите факти и аргументи и да направиме сè овој министер да си замине“, рече Николовски.

    Како главни причини за интерпелацијата ги наведе, како што рече, „сериозни и континуирани случаи на системска корупција, злоупотреба на службената положба и кршење на законите“.
    Тој додаде дека блиски соработници на министерот, директори на институции во ресорот, биле фатени со мито од 50.000 и 100.000 евра, оценувајќи дека тоа е „јасен доказ за воспоставен систем на корупција“.

    Николовски се осврна и на, како што рече, „мега-коруптивен скандал“ со европските фондови, при што, според него, 128 милиони евра од ИПАРД се суспендирани, а земјоделците немаат пристап до тие средства.

    Тој наведе дека субвенциите се намалени, програмите за поддршка се укинати, а буџетот за земјоделство бил кратен, додека лимитот на субвенции за големи компании е зголемен.

    „Резултатот е катастрофален. Земјоделците се оставени сами, а цените се под производствените трошоци“, изјави Николовски.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.