Муцунски трчаше 6 километри низ Скопје со белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево, како дел од неформална средба во спортска атмосфера.
Утринското трчање низ градот беше можност на белгиската делегација да ѝ се претстават дел од препознатливите обележја на главниот град.
Министерот Тимчо Муцунски посочи дека евроинтеграциите треба да се темелат на исполнување на копенхашките критериуми од страна на земјите кандидати, но и на подготвеноста на Европската унија за внатрешни реформи.

