Клучни членки на НАТО одбија да учествуваат во американската поморска блокада на Ормутскиот теснец, што дополнително го продлабочија јазот меѓу САД и останатите држави во воената алијанса.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Британија нема да ја поддржи блокадата, нагласувајќи дека неговата земја нема да биде вовлечена во нов воен конфликт. Сличен став зазедоа и Германија, Шпанија, Италија, Полска и Грција, кои исто така одбија да испратат воени бродови во регионот.
Францускиот претседател Емануел Макрон предложи алтернативна иницијатива која би била строго одбранбена и независна од конфликтот. Сето ова (како и претходните несогласувања) го фрустрира Вашингтон, па претседателот Трамп неколку пати изјави дека САД ќе го напуштат НАТО, што ако се случи би значело и крај за Алијансата.
