Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваа податоците од направените анализи на 209 примероци од 45 мерни места.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 30 јуни до 04 јули зема примероци за физичко-хемиска и микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во соопштението од „Водовод и канализација“ – Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
