Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера лишија од слобода 29-годишен турски државјанин со престојувалиште во Скопје.
При извршен претрес, по добиена судска наредба, во домот во кој престојувал Б.Б., пронајдени се пет саксии со канабис, марихуана, дигитална вага и два лап топ компјутери преку кои организирал он лајн игри на среќа.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
