Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, ја посети новата градинка во населбата Потстаница во општина Кисела Вода, која е во завршна фаза пред отворање. При посетата, таа донираше играчки за децата кои ќе бидат згрижени во објектот.
Од општината информираат дека градинката „8 Март“ е речиси целосно опремена, а во тек е уредување на дворот, при што отворањето се очекува наскоро. Посетата е реализирана заедно со градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
