МВР објави дека во текот на изминатово деноноќие биле упасени 13 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив шестмина (по двајца од Скопје и Прилеп, а по еден од Битола и Свети Николе) возеле без возачка дозвола.
Четири лица (по еден во Кичево, Маврови Анови, Скопје и Кочани) возеле, иако имале активна забрана за управување со возило, а едно лице управувало возило под дејство на алкохол во Скопје. Понатаму, во Прилеп едно лице управувало возило и под дејство на алкохол и со активна забрана за управување, а во Кавадарци едно лице управувало возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
МВР апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол.
