Иран одобри премин на бродови што превезуваат хуманитарна и основна стока низ Ормутскиот теснец, објави иранската агенција Тасним. Одлуката е донесена преку Уредот за развој на трговијата при Министерството за земјоделство, со поддршка на владата и вооружените сили.
Според директивата, бродовите со основни производи и сточна храна ќе можат да минуваат низ теснецот, но под строго утврдени протоколи. По ова одобрување, индустриските здруженија ги известиле своите членки да продолжат со испраќање товарни бродови кон јужните ирански пристаништа.
Со тоа се укинуваат претходните ограничувања за транспорт на ваков вид стока низ оваа клучна поморска рута.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
