Вистинска семејна драма вчера попладне се одвивала во домот на 31-годишна скопјанка на Бит Пазар која сопругот за заклучил во тоалетот, а потоа и нивните четири деца. Малтретираната жена вчера првпат го пријави насилниот сопруг во полиција.
Ова е само еден од вкупно шест случаи на семејно насилство на подрачјето на Скопје регистирани вчера во полицијата. Четири од нападнатите жени семејното насилство од сопругот иако траело подолго време, вчера првпат се охрабрија да го пријават во полиција. Двајца насилници од Скопје се приведени по пријавата на своите сопруги, а во еден случај жена го пријавила поранешниот сопруг дека ги малтретирал двете деца додека биле кај него на видување. Насилство од сопругот пријавила и жена од Центар, кој пак рано утрово исто така пријавил во полицијата дека таа му се заканувала.
Полицијата работи на расчистување на сите овие случаи.
