Управувањето со отпадот во Радуша од денес преминува под надлежност на Општина Сарај и НПК Сарај, со што започна и дистрибуцијата на контејнери за секое домаќинство за зголемување на чистотата и редот во селото.

Собирањето на отпадот ќе се врши секој петок, а граѓаните се повикуваат отпадот редовно да го одлагаат во контејнерите. Од Општината посочуваат дека мерката има за цел да ја подобри хигиената и да овозможи почист и поздрав животен амбиент во Сарај.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
