Во тепачка што избила меѓу затворениици во најголемиот затвор „Идризово“, едно лице е повредено и пренесено во болница. Според информациите од полицијата инцидентот бил пријавен на први април околу 13 часот, а се случил за време на редовната прошетка во затворот.
Во пресметката учествувале неколку осуденици кои се удирале со тврди предмети, при што еден од нив бил повреден и по укажаната помош во затворската амбуланта бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
