Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска на судење се појавија 13 полициски службеници обвинети дека не ја спречиле употребата на пиротехника во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според обвинението, тие не презеле мерки за безбедност и не спречиле активирање на пиротехничка опрема, што довело до пожарот во кој загинаа 63 лица.
Полицајците се товарат за тешки дела против општата сигурност и им се заканува затворска казна. Станува збор за дел од повеќе одвоени постапки против вкупно 25 полицајци поврзани со трагедијата во дискотеката „Пулс“.
Претходно за 20 април се одложи судењето против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, по барање на бранителот на обвинетите Кире Богатинов и Кристина Николова.
