Измама со мејл довела до тоа македонска фирма да биде оштетена за 44.222 евра, откако парите биле пренасочени на сметка во Португалија по пресретната деловна комуникација со компанија од Италија. Според информациите, измамниците се вклучиле во електронската комуникација и испратиле лажни инструкции за плаќање.
Фирмата ги префрлила средствата мислејќи дека плаќа на вистинскиот партнер, но подоцна било утврдено дека станува збор за измама. Случајот е пријавен во полиција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
