Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Вучиќ објави победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 локални самоуправи
    Свет

    Вучиќ објави победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 локални самоуправи

    30/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, прогласи убедлива победа на коалицијата предводена од Српската напредна странка на локалните избори одржани во 10 општини и градови.

    Според неговите изјави, владејачката партија остварила резултат „10-0“ против опозициските и студентските листи, повикувајќи се на прелиминарни партиски податоци. Најнеизвесно било во Кула и Бор, каде разликата во гласовите била најмала.

    Сепак, изборниот ден помина во напната атмосфера, со бројни обвинувања за нерегуларности, притисоци и инциденти. Опозицијата и студентските движења тврдат дека гласањето било проследено со заплашувања, физички пресметки и нарушување на изборниот процес.

    Набљудувачите од ЦРТА оценија дека изборите во дел од општините биле „од најлошо до лошо“, посочувајќи на сериозни проблеми како организирано носење гласачи, нарушување на тајноста на гласањето и водење паралелни евиденции. Дополнително, во неколку средини биле регистрирани и физички инциденти, што дополнително ја влошило сликата за изборниот процес.

    Од друга страна, власта ги отфрла овие обвинувања и тврди дека станува збор за обиди за дестабилизација. Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, изјави дека станува збор за „организиран притисок“ од страна на противниците на власта.

    Студентското движење, пак, порача дека вистинската политичка битка ќе се води во големите градови, каде, како што наведуваат, е потешко да се врши притисок врз гласачите. Тие најавија и поднесување пријави за изборни нерегуларности и насилство.

    И покрај прогласената победа, изборите повторно отворија сериозни прашања за транспарентноста, условите и кредибилитетот на изборниот процес во Србија.

    Поврзани вести:

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    21/10/2026

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    21/10/2026

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.