Завршена е изградбата на централната кујна во градинката „Гоце Делчев” во Општина Илинден, каде денеска градоначалникот Александар Георгиевски изврши увид. Објектот ќе биде ставен во функција по набавка на опрема. Кујната има површина од 300 квадратни метри на две нивоа и капацитет за
подготовка на над 600 оброци дневно.

Со пуштањето во употреба ќе се обезбедуваат оброци и за основните училишта со продолжен престој, што значително ќе го олесни функционирањето на образовните установи во општината. Постојната кујна ќе се пренамени во две нови занимални, со што ќе се овозможи згрижување на околу 50 дополнителни деца и зголемување на вкупниот капацитет на градинката.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
