Во текот на изминатиот продолжен викенд, полицијата регистрирала вкупно 1.699 прекршоци, од кои една третина се за поголема брзина од дозволеното.
Уапсени за безобѕирно управување на возило биле 60 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 17 за возење без возачка дозвола, шест поради претходно изречена забрана за управување на возило, еден поради возење во забранет правец.
Во истиот период одземени се 20 возила.
Се санкционирале и мотоциклисти, па така биле казнети 10 возачи за неносење заштитен шлем. И пешаците биле под „радарот” на МВР – 10 пешаци се казнети, за непочитување на сообраќајните правила.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
