Полициски службеници од СВР Битола на 20 март 2026 година во 21:15 часот го лишиле од слобода А.А. (46) од Битола.
Како што информираат од полицијата, по претходно добиена судска наредба од Основниот суд Битола бил извршен претрес во неговиот дом. При акцијата, биле пронајдени бела прашкаста материја, растителна материја, дигитална вага со траги од прашкаста супстанца, како и парични средства.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
