Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Словенија гласа: Тесна трка меѓу Голоб и Јанша
    Свет

    Словенија гласа: Тесна трка меѓу Голоб и Јанша

    22/03/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Словенија денес,, ги одржува десеттите парламентарни избори од осамостојувањето, со очекувања за исклучително тесна трка меѓу либералното движење на премиерот Роберт Голоб и партијата на поранешниот премиер Јанез Јанша. Кампањата, според оценките на аналитичарите, беше силно обликувана од меѓународниот контекст, што дополнително ја заостри поделбата меѓу двата политички блока.

    Право на глас имаат 1.698.352 избирачи, а гласањето се одвива од 7 до 19 часот. Во трката за 90 пратенички места се натпреваруваат 1.185 кандидати, распоредени на 17 листи, од кои 15 се присутни во сите осум изборни единици. Првите неофицијални резултати се очекуваат доцна вечерва или во понеделник навечер.

    Анкетите во последните денови покажуваат дека Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша и Движењето за слобода на Голоб се практично изедначени. Аналитичарите наведуваат дека разликите се во рамки на статистичката грешка, а дека Голоб ја намалил предноста на противникот преку мерки насочени кон граѓанскиот стандард, меѓу кои се споменува и зголемување на пензиите, но и преку позиционирање во надворешната политика.

    Во фокусот на изборната дебата се најде и односот кон глобалните кризи. Под водство на Голоб, Словенија се вбројува меѓу ретките земји на ЕУ што израелската воена кампања во Газа ја оцени како геноцид, став што предизвика силни реакции и ја подигна надворешнополитичката температура во кампањата.

    Последните денови пред гласањето беа одбележани и со аферата „Црна коцка“, именувана по израелска разузнавачка компанија за која постојат сомнежи дека стои зад објавување видеоснимки од скриени камери на интернет, кои сугерираат корупција во рамки на власта. Јанша призна средба со еден од раководителите поврзани со случајот, но негираше вмешаност во објавувањето на снимките.

    „Словенечкиот граѓанин мора да биде на прво место, а не Палестина, а не нелегалните мигранти“, изјави Јанша за време на телевизиска дебата во петокот навечер.
    Аналитичарите предупредуваат дека евентуална победа на Јанша би можела да донесе поостар, „нелиберален“ сврт во политика на земјата од околу 2,1 милион жители, во време кога национализмот повторно добива простор во делови од Европа. Во кампањата, Јанша најавуваше „враќање кон словенечките вредности“, со посебен акцент на традиционалното семејство, како и ограничување на јавните средства за одредени невладини организации.

    Од другата страна, Голоб настапуваше со порака за „Словенија под сонцето на слободата“, нагласувајќи социјална вклученост и политики што веќе ја обележаа неговата коалиција од центар-лево. Во надворешната политика тој остро го критикуваше рускиот напад врз Украина, што е една од ретките точки на согласување со Јанша, додека кампањата допре и до теми поврзани со пошироки геополитички амбиции и притисоци.

    Овие избори доаѓаат четири години по последното парламентарно гласање, одржано на 24 април 2022 година, кога Голоб извојува убедлива победа како тогашен политички новајлија. Денес, Словенија повторно е пред одлука што ќе ја одреди насоката на земјата – меѓу континуитет на центар-левиот курс и можно враќање на тврдата конзервативна агенда.

    објави Скопје1.мк

    Поврзани вести:

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    21/10/2026

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    21/10/2026

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.