Повторно се активира конфликтот меѓу Авганистан и Пакистан. Вчера во напад на болница во Кабул, извршен од пакистанската војска загинале најмалку 250 луѓе, а над 400 биле ранети.
„Пакистанскиот воен режим уште еднаш го наруши воздушниот простор на Авганистан и нападна болница”, се наведува во соопштението на главниот портпарол на Талибанците.
Министерството за информации на Пакистан ги отфрла таквите тврдења. Од таму велат дека нападите биле насочени кон „воени инсталации и инфраструктура за поддршка на тероризам”, вклучувајќи техничка опрема и складишта за муниција во Кабул и Нангархар.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
