Немирните возачи никако да се смират. Совеста не им проработува, па мора полицијата да работи подзасилено. Само во текот на изминатиот викенд низ Македонија биле напишани 1.198 казни. Дури 465 прекршоци се однесуваат на возачи кои возеле над дозволеното.
Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 42 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола. Во истиот период одземени се 13 возила.
Инаку, санкциониран е и 31 пешак. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила. Јавноста пак апелира МВР да биде поприсутнба на сообраќајниците и да пишува казни за неодговорните.

