Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ, синоќа изјави дека Србија нема намера да нападне никого, но оти гради капацитети за одвраќање на каков било напад и нагласи дека е исклучително горда на набавката на нови хиперсонични ракети за српската армија.
Таа смета дека наративот од Хрватска поврзан со набавката на ракети, оти тоа им претставува „црвен аларм” е неприфатлив. Брнабиќ додаде дека Србија е во црвен аларм од 1999 година, кога стана јасно дека НАТО не го почитува меѓународниот правен поредок или неговите принципи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
