Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва потврди дека Србија располага со хиперсонични балистички ракети воздух-земја, истакнувајќи дека земјата нема намера да напаѓа никого, но изрази загриженост дека Србија во иднина би можела да биде цел на напад од наводен воен сојуз на Хрватска, Албанија и Косово.
„Се подготвуваме за нивен напад. Тие формираат сојуз чекаат момент кога во иднина ќе избие голем судир меѓу Европа и Русија, како и на Блискиот Исток. Ние сето тоа го правиме за да се одбраниме. Чекаат хаос во светот за да им се укаже можност“, рече Вучиќ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
