Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Пукање пред синагогата „Темпл Израел“ во Мичиген
    Свет

    Пукање пред синагогата „Темпл Израел“ во Мичиген

    12/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Вооружен маж е убиен откако со автомобил влетал во синагога во пошироката област на Детроит во Мичиген, пренесуваат американските медиуми.

    Според информациите од полицијата, осомничениот пристигнал со возило пред синагогата, по што обезбедувањето го забележало и дошло до размена на оган. Во инцидентот напаѓачот бил застрелан.

    Настанот се случил во синагогата Темпл Израел во Вест Блумфилд, во округот Оукленд. По инцидентот, властите евакуирале училишта во околината и ги повикале жителите да останат во засолниште додека трае полициската операција.

    Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат чад што се издига од покривот на зградата, додека безбедносните служби ја пребаруваат внатрешноста на објектот.

    Од Еврејската федерација на Детроит соопштија дека се запознаени со безбедносниот инцидент и дека еврејските институции во регионот привремено вовеле засилени мерки на безбедност.

    На местото на настанот пристигнале десетици полициски и итни служби од повеќе градови во округот Оукленд, меѓу кои и државната полиција, како и полициските одделенија од Вест Блумфилд, Фармингтон Хилс, Клосон, Обрн Хилс, Бирмингем и Плезент Риџ.

    Портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Оукленд, Стивен Хубер, изјави дека полицијата ја пребарува зградата за да се утврдат сите околности на настанот.

    Гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер, изјави дека ги следи извештаите за инцидентот и дека државните власти соработуваат со полицијата за да се соберат повеќе информации, нагласувајќи дека „антисемитизмот и насилството немаат место во Мичиген“.

    Поврзани вести:

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    21/10/2026

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    21/10/2026

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.