Отстранет од домот бил 68-годишен скопјанец поради извршено семејно насилство врз својот син. Според полицијата, тој во семејниот дом во скопската општина Кисела Вода му се заканувал со остар предмет на својот 35-годишен син. Настанот се случил на 9 март околу 22 часот и 30 минути, по што лицето било приведено од полициски службеници од СВР Скопје. По поднесено барање од Единицата за насилен криминал до Основниот граѓански суд Скопје, на сторителот му е изречена итна мерка за заштита – отстранување од домот во траење од 30 дена.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
