Системот на МВР „Сејф Сити” работи неуморно, го надололнуваат и сообраќајните полицајци. Па така, во првите десет дена од март, сообраќајците низ Македонија регистрирале дури 6.264 сообраќајни прекршоци. Дури 151 возач бил лишен од слобода поради безобѕирно управување со возило.
Најголемиот дел од казните се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина – дури 1.800 возачи возеле побрзо од пропишаното.
Меѓу приведените возачи 32 биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол, додека 50 лица возеле без возачка дозвола. Во овој период биле одземени и 53 возила.
Казни добиле и 238 пешаци, како и еден возач на електричен тротинет.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
