Изградбата на пречистителната станица во Кучевишка Бара, проект со вкупна вредност од 129 милиони денари што ќе опслужува околу три илјади жители во населените места во Чучер Сандево и Бутел е во полн ек.
– Станицата во прва фаза ќе собира отпадни води од фекална канализација од околу три илјади жители, колку што живеат во моментов во овие населени места, но оставаме простор во втора фаза да може да се доработи и прошири проектот за пет илјади жители – изјави градоначалникот на Чучер Сандево, Зоран Бајовски.
Тој очекува дека пречистителната страница за кратко време ќе биде ставена во функција.
Проектот започна во октомври 2025 година и е во целост финансиран од Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
