Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ, изјави дека по американско-израелскиот напад врз Иран меѓународното право повеќе не постои и дека Русија мора да се фокусира на сопствените интереси и на зајакнување на своите капацитети.
Коментирајќи ги случувањата на Блискиот Исток, тој кажа дека дошло до „значителна дестабилизација во регионот и дека постои кумулативен ефект од голем број регионални конфликти и нерешени прашања”.
„За жал, сите го изгубивме она што го нарекуваме меѓународно право. Затоа Путин е во право – соочени сме со совршена бура која штотуку започна и мора да се фокусираме на себе, на нашите интереси и на нашите потенцијали”, додаде Песков.

