Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Занимливости»Студија од Оксфорд: Вегетаријанската исхрана поврзана со понизок ризик од одредени видови рак
    Занимливости

    Студија од Оксфорд: Вегетаријанската исхрана поврзана со понизок ризик од одредени видови рак

    06/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Нова анализа на истражувачи од Универзитетот во Оксфорд покажува дека вегетаријанската исхрана е поврзана со намален ризик од неколку видови рак. Студијата, објавена во British Journal of Cancer, анализирала податоци од околу 1,8 милиони луѓе.

    Според резултатите, вегетаријанците имаат 21% помал ризик од рак на панкреас, 28% помал ризик од рак на бубрег и 31% помал ризик од мултипен миелом. Дополнително, утврден е 9% понизок ризик од рак на дојка и 12% понизок ризик од рак на простата во споредба со лицата што редовно консумираат месо.

    Сепак, истражувањето покажало и неочекуван резултат – повисок ризик од рак на хранопровод кај вегетаријанците, што научниците го оценуваат како наод што бара дополнителни анализи.

    Тим Ки, коавтор на студијата и емеритус професор по епидемиологија, истакнал дека сè уште не е јасно дали намалениот ризик е директно поврзан со избегнувањето месо или со други здрави навики што почесто ги практикуваат вегетаријанците.

    Истражувањето ги опфатило групите што консумираат месо, живина, риба, како и вегетаријанци и вегани, при што најголем дел од податоците потекнуваат од Велика Британија и САД.

    Експертите нагласуваат дека резултатите се значајни, но не и конечни. Според Cancer Research UK, потребни се дополнителни студии кај поразновидни популации за да се утврди точната поврзаност. Во меѓувреме, се препорачува балансирана и разновидна исхрана како најсигурен пристап за намалување на ризикот од хронични заболувања.

    Поврзани вести:

    Дали големината на носот открива нешто повеќе за надареноста: Научниците имаат став

    Дали големината на носот открива нешто повеќе за надареноста: Научниците имаат став

    Дали е здраво да се спие со градник? Експертите го откриваат одговорот

    Дали е здраво да се спие со градник? Експертите го откриваат одговорот

    Настинка или грип? Еве како да ги препознаете симптомите и кога е неопходно да посетите лекар

    Настинка или грип? Еве како да ги препознаете симптомите и кога е неопходно да посетите лекар

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вегетаријанец вегетаријанци исстражување исхрана рак
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Дали големината на носот открива нешто повеќе за надареноста: Научниците имаат став

    07/11/2026

    Дали е здраво да се спие со градник? Експертите го откриваат одговорот

    05/11/2026

    Настинка или грип? Еве како да ги препознаете симптомите и кога е неопходно да посетите лекар

    01/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.