Во Основното училиште „Ѓорче Петров“ во Скопје целосно се реконструирани тоалетите за учениците, информираат од Општината.
Со реконструкцијата се подобрени санитарните услови и хигиенските стандарди, со цел да се обезбеди поквалитетна и побезбедна средина за учениците и вработените. Работите опфатија целосна обнова на просториите, вклучително и поставување нова санитарна опрема, плочки, инсталации и осветлување.
Оваа инвестиција е дел од проектите за подобрување на инфраструктурата во образовните установи во градот, со цел создавање подобри услови за образование и здравствени стандарди за децата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
