Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Од „превентивен удар“ до ракетна одмазда: Најважните моменти од денешниот судир на САД и Израел со Иран
    Свет

    Од „превентивен удар“ до ракетна одмазда: Најважните моменти од денешниот судир на САД и Израел со Иран

    28/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Денешните американско-израелски напади врз Иран претставуваат најсериозна ескалација на тензиите на Блискиот Исток во последните години. Според официјални израелски извори, операцијата започна рано утрово со, како што беше наречено, „превентивен удар“.

    Израел објави дека во акцијата учествувале со околу 200 борбени авиони и ова за нив бил најголемата воздушна акција досега спроведена. Целите во Иран биле ракетни лансери, противвоздушни системи и други воени објекти во западен и централен Иран. Израелската војска соопшти дека биле погодени стотици цели.

    Кратко потоа, американски официјални лица потврдија дека и САД учествуваат во нападите. Американскиот претседател Доналд Трамп на прес конференција изјави дека се во тек „големи борбени операции“ против Иран. Вашингтон наведе дека целта е неутрализирање на закани кон американските сили и сојузници во регионот.

    Иранските медиуми јавија за експлозии во Техеран и други градови. Според иранскиот Црвен полумесечина, пријавени се над 200 загинати и повеќе од 700 повредени во 24 провинции. Иранските власти ги оценија нападите како „агресија“ и кршење на меѓународното право.

    Неколку часа подоцна, Иран возврати со ракетни напади врз американски бази во Катар, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин. Во Израел се огласија сирени за тревога поради лансирани проектили од иранска територија. Погодени беа и објекти во близина на седиштето на Петтата флота на САД во Бахреин.
    Повеќе заливски држави ја активираа противвоздушната одбрана и затворија дел од својот воздушен простор. Меѓународниот аеродром во Дубаи ги суспендираше сите летови на неопределено време.

    Франција побара итна седница на Советот за безбедност на ОН, а Русија го осуди нападот како „неиспровоциран“ и понуди посредување.

    Според странски медиуми, во нападите загинале повеќе високи воени функционери поврзани со ракетните и одбранбените системи на земјата. Дел од нив, како што се наведува, биле директно вклучени во стратешкото планирање на одбраната и офанзивните капацитети на Иран. Официјален Техеран соопшти дека станува збор за „таргетирани убиства“ насочени кон државниот и воениот врв. Иранските власти ги оценија ликвидациите како грубо кршење на меѓународното право и акт на државен тероризам. Порачаа дека одговорот ќе биде „решителен и пропорционален“ и дека одмаздата нема да запре додека не престане агресијата.

    Иран официјално и порача на ОН дека ќе продолжи со одмаздата сè додека не престане американско-израелската агресија.
    Регионалната безбедносна состојба на Блискиот Исток е крајно нестабилна, а дипломатијата засега се во сенка на воената ескалација.

    Поврзани вести:

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    21/10/2026

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    21/10/2026

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.