Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Сали Бериша побара итна оставка од Еди Рама
    Свет

    Сали Бериша побара итна оставка од Еди Рама

    27/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Сали Бериша, преку видео-порака доцна синоќа реагираше на најновиот потег на премиерот Еди Рама за смени во владата, нарекувајќи го “обид да се спаси себеси”.
    -Најновиот потег на Еди Рама е потег со кој тој се обидува да си ја спаси сопствената кожа. Со својот потег, тој се обидува да ги измами луѓето, во време кога самиот е на чело на криминалната организација што ја предводи, вели Бериша.

    Според него “овој чекор на Рама всушност е повик до албанските граѓани и албанската опозиција”, енергично да продолжат со протестите, бидејќи “главната цел на мирното востание на Албанците е да ја спаси Албанија од Еди Рама и неговите марионети”.
    -Еди Рама, нема повеќе пролет за твојата влада и за тебе. Ти си причина за сите големи проблеми со кои се соочуваат Албанците денеска. Ти си матрицата на ова големо зло што го зафатило битието, душата, телото на Албанија, порачува Бериша во видео-порака.
    Затоа, додава, барам негова итна оставка, во спротивно ќе се соочи со опозицијата и целиот албански народ.

    Синоќа, по девет часовна средба со пратеничката група на Социјалистичката партија, чиј лидер е ,Рама соопшти за реконструкција на владиниот кабинет “Рама 4”, формиран во септември минатата година, по мајските парламентарни избори.
    Од владата заминува вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, која од Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) е осомничена за корупција. Нова вицепремиерка ќе биде Албана Кочиу, актуелна министерка за внатрешни работи.

    Се формира министерство за инфраструктура и енергетика кое ќе го раководи Енеа Каракачи. Ферит Хоџа, поранешниот амбасадор на Албанија во ЕУ, е назначен за министер надворешни работи, на местото на Елиса Спиропали.
    Бесфорт Ламалари ја напушта функцијата министер за правда и ја презема функцијата министер за внатрешни работи, додека Тони Гогу е назначен за прв човек на Министерството за правда. Заминува и Пиро Венгу од Министерството за одбрана каде ќе го замени Ермал Нуфи.
    Ерјона Исмаили е назначена за министерка за односи со Парламентот. Истите министри остануваат во девет ресори.

    Предлогот Рама ќе го достави до претседателот Бајрам Бегај, кој треба да потпише уредба, по што само формално ќе биде изгласувањето во парламентот, имајќи предвид дека од 140 пратеници 83 се на социјалистите.

    Поврзани вести:

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    21/10/2026

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    21/10/2026

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.