Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Хороскоп»Сатурн и Нептун во историска конјункција што не се случила милениуми: Роденден на новиот свет и судирот меѓу реалноста и сонот
    Хороскоп

    Сатурн и Нептун во историска конјункција што не се случила милениуми: Роденден на новиот свет и судирот меѓу реалноста и сонот

    23/02/20264 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во 2026 година светот ќе биде сведок на редок астролошки настан – конјункција помеѓу Сатурн и Нептун во знакот Овен. Тие егзактно се сретнаа на 20ти Февруари 2026. Овие две планети се сметаат за архетипски спротивности: едната ја претставува структурата, законот и реалноста, а другата – илузијата, духовноста и распаѓањето на границите.

    Но овојпат не станува збор само за уште една средба во нивниот 36-годишен циклус. Според астролошките пресметки, вакво спојување на самиот почеток – нулта точка на Овен од каде се смета дека почнува нашиот живот не се случило со милениуми – повеќе од четири илјади години. Тоа ѝ дава на конјункцијата симболичка тежина што оди подалеку од обичен транзит. Многумина ја нарекуваат – роденден на новиот светски циклус.

    Што симболизираат Сатурн и Нептун?

    Сатурн во астрологијата претставува систем, власт, институции, граници, одговорност и карма. Тој гради структура, но и поставува ограничувања. Нептун, напротив, владее со идеалите, религијата, мистиката, колективните соништа, но и со илузијата, разочарувањето и распаѓањето на формите.

    Кога овие две сили се спојуваат, се отвора фундаментално прашање: што е реално, а што било само верување?

    Сатурн сака докази. Нептун верува. Сатурн поставува правила. Нептун ги раствора. Конјункцијата ги тера да функционираат заедно. И токму во тоа лежи нејзината сила – или нејзиниот судир. Историски момент каде можеме да ја преструктурираме нашата сегашност и иднина и да ги исполниме нашите визии и соништа.

    Историски паралели: кога паѓаат идеологии

    Последната значајна конјункција на Сатурн и Нептун се случи во 1989 година – период на пад на Берлинскиот ѕид и распад на идеолошки системи што децении изгледаа непоколебливи. Тоа беше момент кога идеологијата (Нептун) се соочи со реалноста (Сатурн).

    Претходната конјункција во 1953 година се совпадна со геополитички преструктурирања и нови глобални баланси по Втората светска војна.

    Овие циклуси, што се повторуваат приближно на секои 36 години, често се поврзани со крај на една колективна илузија и создавање нова идеја за реалноста.

    Но 2026 година носи нешто поинакво.

    Зошто Овен ја менува приказната?

    Овен е првиот знак во зодијакот. Тој е почеток. Иницијатива. Импулс. Акција. Жар.

    Конјункцијата се случува на самиот нулти степен на Овен – точката што во астрологијата се смета за симболичен старт на нов зодијачки круг. Тоа ја претвора оваа средба во „нулти момент“ – рестарт на архетипски план. Доколку претходните конјункции означувале крај на одредени идеологии, оваа може да означи почеток на нов циклус од самиот темел.

    Не се работи само за рушење. Се работи за иницирање.

    Судир на реалноста и идеалот

    Во колективна смисла, оваа конјункција може да донесе разобличување на илузии. Системи што долго време се одржувале врз наративи без реална основа може да се соочат со проверка. Истовремено, може да се појави нова визија – но овојпат поткрепена со структура.

    Сатурн без Нептун е сув и строг. Нептун без Сатурн е хаотичен и маглив. Заедно, тие можат да создадат нов модел што комбинира идеал со одговорност.

    Балканот под оваа енергија

    Балканот историски е регион каде што циклусите на распаѓање и реструктурирање се чувствуваат поинтензивно. Прашањата за идентитет, идеологија и власт овде секогаш имаат длабоки корени.

    Под енергијата на оваа конјункција може да се појават:

    • Редефинирање на политички структури

    • Нови лидерства или радикални промени во постојните

    • Судир помеѓу старите наративи и новиот индивидуализам

    • Силен импулс за автономија и самостојност

    Овен не чека дозвола. Тој иницира.

    Тоа може да значи дека регионот ќе биде притиснат да ја напушти пасивноста и да влезе во фаза на активна реконструкција.

    Дали навистина можеме да ја смениме реалноста?

    Ова е можеби најважното прашање.

    Сатурн носи одговорност и реструктурирање. Нептун носи визија и рушење на старите илузии. Кога тие се спојуваат на почетокот на нов циклус, се отвора ретка можност: да се изгради реалност што не е базирана на магла. Многумина астролози овој период го гледаат како момент кога по долго време се создава простор за вистинска реструктурирана реалност – темелни.

    Тоа нема да биде лесно. Овновската енергија носи конфликти, импулсивност и нагли одлуки, но токму во тие тензии лежи потенцијалот за нов почеток.

    Роденден на нов циклус

    Ако секој 36-годишен циклус означува крај на една колективна илузија, тогаш овој циклус во Овен означува почеток од нула.

    Не само на политичко или економско ниво, туку на ниво на перцепција, авторитет и лична одговорност.

    Ова не е крај на светот. Ова е крај на една верзија од него. И можеби – првпат по долго време – момент кога имаме шанса свесно да учествуваме во градењето на новата верзија.

    Миа Огненова Монај

    Поврзани вести:

    Два хороскопски знака пред нови деловни можности: Им следуваат промени на работното место

    Два хороскопски знака пред нови деловни можности: Им следуваат промени на работното место

    Четири хороскопски знаци кои најбрзо ги препознаваат лагите и манипулациите

    Четири хороскопски знаци кои најбрзо ги препознаваат лагите и манипулациите

    Овие три хороскопски знаци најбрзо се заљубуваат

    Овие три хороскопски знаци најбрзо се заљубуваат

    Дневен хороскоп 30 август 2026: Што им носи денешниот ден на хороскопските знаци?

    Дневен хороскоп 30 август 2026: Што им носи денешниот ден на хороскопските знаци?

    Четири хороскопски знаци кои до крајот на летото ќе ја пронајдат љубовта

    Четири хороскопски знаци кои до крајот на летото ќе ја пронајдат љубовта

    Три хороскопски знаци пред голема животна трансформација

    Три хороскопски знаци пред голема животна трансформација

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    астрологија конјункција Нептун сатурн хороскоп
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Два хороскопски знака пред нови деловни можности: Им следуваат промени на работното место

    27/09/2026

    Четири хороскопски знаци кои најбрзо ги препознаваат лагите и манипулациите

    08/09/2026

    Овие три хороскопски знаци најбрзо се заљубуваат

    06/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.