Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Кривична пријава за поранешна директорка на Клиничка болница Битола
    Хроника

    Кривична пријава за поранешна директорка на Клиничка болница Битола

    20/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    СВР Битола поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство Битола против Е.И. (53) од Битола, поранешна директорка на Клиничка болница Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

    Според информациите од Министерство за внатрешни работи, во текот на 2023 година таа постапувала спротивно на одредбите од Законот за административни службеници и неговите измени, како и без потребната согласност од Министерство за финансии, односно спротивно на Законот за буџети.

    Како што соопшти МВР, без спроведување интерни огласи и без согласност и потпис од Секторот за човечки ресурси, биле склучени анекси на договори за вработување за 11 административни службеници во управната зграда на болницата. Со тоа им биле зголемени коефициентите на сложеност на работните места и им биле издадени решенија за повисока плата, односно биле унапредени во повисок степен без да ги исполнуваат образовните услови предвидени за тие позиции.

    Со ваквите дејствија, според полицијата, бил оштетен буџетот на Министерство за здравство, односно на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, за вкупно 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата.

    Како пример се наведува случај во кој лице вработено како помошник одговорен инженер за техничко одржување на објекти било унапредено и платено според коефициент што се однесува на профил доктор на немедицински науки сродни на дејноста на установата, иако станувало збор за доктор на науки од областа на индустриски менаџмент.

    Поврзани вести:

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    20/10/2026

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.