Приведен 25-годишник доби кривична пријава и ќе се докажува негово учество во свирепо убиство во кумановско. Се испитува поврзаност и со други случаи на убиства.
Тој се сомничи дека во периодот од 27.01 до 12.02.2026 година во Челопек, со умисла на свиреп начин лишил од живот жена родена во 1947 година.
Како што соопштуваат истражните органи тој ја искористил околноста дека оштетената живеела сама, била стара и немоќна. Влегол во нејзината куќа додека спиела и задал повеќе удари од кои жената починала.
Со интензивни координирани дејствија во изминатите неколку дена на Обвинителство, МВР и екипите на Институтот за судска медицина обезбедени се докази кои укажуваат на поврзаност на овој настан со неколку други слични случаи во кумановско. Заради сличности во однос на изборот на жртвата и суровиот начин на извршување на делото се испитува дали и во тие случаи станува збор за убиства извршени од истиот сторител.
На обвинетиот му е определена мерка притвор.
