Премиерот на Кантонот Сараево, во оставка, Нихад Ук, изјави дека сите стари трамваи, што се технички исправни се повлечени од сообраќај.
Тој најави и итни независни ревизии на сите деловните процеси, како и целосна истрага и соработка со Обвинителството, кое ја истражува трагедијата, кога трамвај излета од шините, при што загина едно момче, а неколкумина беа повредени.

