Малолетник од Битола е лишен од слобода по сообраќајна несреќа во која тешко е повреден пешак, информира Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила на 13 февруари околу 18:35 часот на улицата „Козјак“, кога 17-годишник управувал патничко возило „даеву тико“ со битолски регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола. Притоа удрил во 42-годишен пешак од Битола.
Повредениот веднаш бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола, а по преземените мерки било потврдено дека малолетникот управувал со возилото без стекнато право за управување со моторно возило. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни законски мерки.
